Рампи за дезинфекција на возилата на влезовите на Битола

Април 17, 2020

Општинскиот кризен штаб, продолжува со спроведување на превентивни мерки, на подрачјето на Општина Битола, со цел зголемување на степенот на заштита на населението од вирусот Ковид 19. Денес, завршено е поставувањето на дезинфекционите рампи на влезовите во градот.

„Почитувани, Кризниот штаб на Општина Битола, има свој оперативен план, којшто е доста динамичен, затоа што постојано се менуваат околностите, тие се различни, токму затоа и мерките се различни. Но, она што е најважно и сакам да го нагласам во овој момент е тоа што, без разлика за која мерка и да станувало збор, секоја мерка е проследена со препораки на стручни лица за изведување на истата. Токму денес, имаме и една нова мерка која што значи дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во нашиот град, на различен начин од досега, затоа што, околностите нови кои што ги имаме тоа го наложуваат. Во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на фирмата „Монтинг инженеринг“ за покажаната општествена одговорност и за изработката на овие рампи, кои што исклучително значат за нашата општина. Она што исто така, сакам да го нагласам, е тоа што било постојана константа по која што се водел кризниот штаб е оптимализација на ефективноста и на ефикасноста на мерките. Но, на крајот, сепак би сакала да нагласам, дека најважната мерка е социјалната дистанца и токму затоа ги замолувам граѓаните да ги почитуваат сите мерки, особено оваа мерка, непотребно да не излегуваат, бидејќи, искуството, скромно, колку и да го имаме во светски рамки за оваа проблематика, сепак, покажува дека социјалната дистанца и намаленото движење, сепак се клучни во оваа работа“, изјави Градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска.

За поставување на дезинфекционите рампи, изработен е сообраќаен проект за времен режим на сообраќај и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.  Покрај оваа превентивна мерка, продолжува и спроведувањето на масовна дезинфекција, на повеќе локации.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани