ОУ„Гоце Делчев“-Битола го одбележува патрониот празник

Мај 04, 2020

ОУ „Гоце Делчев“-Битола го прославува патрониот празник. Пред бистата на великанот Гоце Делчев во училиштето свежо цвеќе положија директорката Биљана Стојковска со дел од вработените заради ситуацијата со коронавирусот. -Во овие услови кои се тешки за сите нас, услови поради кои образовните услуги ги приспособуваме кон потребите, применувајќи нови е-алатки, форми, методи, техники на предавања и учење, со цел поуспешно да го пренесуваме нашето знаење и искуство, за повисоки постигања и трајни знаења на учениците. On-line наставата бара посветеност како на страната на наставниците и учениците така и на страната на родителите. Предизвиците и оваа состојба не не обесхрабруваат. Знаеме што сакаме, што можеме да постигниме во моментов. Раководниот и стручниот кадар сме активен советодавен, критички и конструктивен дел во насока на унапредување на воспитно образовниот процес кој се одвива од дома. Така и денот на Патронот на училиштето ќе го одбележиме со содржини имплементирани во наставата. Дозволете во мое лично име, на сите вработени, ученици, родители, да ви го честитам Патрониот празник на училиштето. Воедно да ви посакам и добро здравје. Се надевам дека наредниот Патронен празник ќе го прославиме сите заедно во училишните клупи на ОУ„Гоце Делчев“-Битола, стои во пораката од директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола Биљана Стојковска.

трим

двам

Одделенските раководители денеска по повод патронатот на одделенски час им  го презентираа реферат за патронот Гоце Делчев  со кој  го одбележаа  празник во овие услови на вонредна состојба. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани