2win800x200

Граѓани на Општина Новаци заедно со градоначалникот Кузманоски даруваа крв во акцијата на Црвениот крст

Мај 07, 2020

Во Општина Новаци денеска се даруваше крв како дел од акцијата Караванот на хуманоста во рамки на Blood Bank-Tenk , Црвениот крст на РСМ , Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општина Новаци.

Потребата од вакво хумано дело масовно беше препознаена од граѓаните на општина Новаци .
Акцијата ја поздрави градоначалникот Љубе Кузманоски кој се приклучи во истата и даруваше крв .

“Ова е прва краводарителска акција која се организира во нашата општина. Акцијата е дел од Караванот на хуманоста во рамки на Blood Bank-Tenk , Црвениот крст на РСМ , Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општина Новаци .Кога се работи за спасување на нечиј живот и здравјето на граѓаните во време на глобална пандемија и криза , нема нешто посилно и поубаво од несебичноста и хуманоста да внесете светлина и надеж во нечиј живот. Со оглед на големиот број на граѓани кои се пријавија за дарување на крв, се надевам дека оваа акција ќе се повтори и во следниот период ,-истакна Кузманоски .

Од Општина Новаци се испрати заедничка порака :Да бидеме хумани –Да даруваме крв! .

Да се даде дел од себе во време кога човештвото е исправено пред предизвикот на пандемијата од Ковид-19, е достоен чин за почит.

DSC 1008

96406027 10212968495286844 844504202343350272 o

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани