2win800x200

,,Битлси" на битолски начин (Видео)

Мај 12, 2020

Битолските музичари со онлајн изведба на бесмртниот хит на Битлси ,,Hey Jude". Изведбата е толку добра што останатите битолчани рекоа дека ова се „Битлси“ на битолски. 

,,Целта ни беше да го искористиме  слободното време и конечно да оствариме соработка, а со тоа и да внесеме  позитива во нашето секојдневие во овие времиња", велат музичарите. 

Песната ја изведоа Тамара Стојковска, Софија Костовска, Елена Стојчевска, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски како вокали, потоа Владко Симоновски вокал, а настапува и на електрична гитара, Кристијан Магденовски и Стефан Новевски - акустична гитара, Васко Ќосевски - бас, Даниела Радевска - виолончело, Александар Лолевски - флејта, Иванчо Тодоровски - кахон, бонги Филип Јездич - тапани, Давор Нечак - клавијатура.  Аудио микс/мастер - Владко Симоновски  и видео уредување.  

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани