2win800x200

Ново детско катче уреди месната заедница во селото Кравари

Мај 19, 2020

 Детско катче со нови реквизити уреди месната заедница од селото Кравари за најмладите. Локацијата која со години наназад беше запустена деновиве доби нов лик на задоволство на  најмладите жители на селото.

-Месната заедница заедно со локални жители се вклучивме во расчистување и уредување на детското игралиште во селото. Толку беше запустено и оставено во заборав во последната деценија што сведочат и самите фотографии. Ние ги исчистивме патеките од обрасната трева и од калта, ги измивме детално површините и заедно со ЈП Коминалец од Битола поставивме нови реквизити за забава на најмладите. Задоволството е големо и е вистинско место за уживање-изјави Горан Поповски, претседател на месната заедница во селото Кравари.

кра 2

кра 3

кра 4

кра 5

кра 6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани