За неносење маски казнети вкупно пет битолчани

Мај 22, 2020

Изречени се вкупн пет прекршочни платни налози за битолчани кои не носеле маски, соопштија од СВР Битола за Апла.мк. Четворица битолчани биле казнети вчера, а еден пред седум дена. Тие се казнети по член 6 став 2 од Уредбата за носење лична заштита и ќе треба да платат по 20 евра. 

На територијата на Секторот за внатрешни работи Битола, кој освен битолската ги опфаќа и општините Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево поднесени се вкупно 13 прекршочни пријави. Покрај за петтемина битолчани, уште за пет жители на Прилеп и три во Македонски Брод. 

Ж.З.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани