2win800x200

„Зелена берза“ со публикација го заокружи проектот „Од рурална жена до успешен претприемач без стереотипи и дискриминација“

Мај 27, 2020

 

Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“-Битола, ве информира дека со издавање на публикација го заокружува проектот „Од рурална жена до успешен претприемач без стереотипи и дискриминација“. Проектот во изминатите шест месеци се реализираше со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија и подразбираше бројни и опсежни активности: истражување на терен, стории, дебати, податоци кои беа претставени на прес-конференции, за кои пошироката јавност е веќе информирана. Како завршен дел од проектот е издавањето на публикацијата во која е содржан целокупниот материјал од успешно спроведениот проект.

DSC 1226

Проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“, кој го реализираше Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“ со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија има за цел да придонесе кон надминување на стереотипите кои се однесуваат на дискриминација на руралната жена, издигнувајќи ја истата до ниво на успешен претприемач, притоа придонесувајќи за зголемен ангажман на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика кон имплементација на конкретни мерки за подобрување на статусот на руралната жена. Јасното елаборирање на ситуацијата во која се наоѓа руралната жена дејствува во насока на поттикнување кон спроведување на конкретни мерки за подобрување на нејзината состојба. Проектот влијае и врз бизнис секторот и неговиот третман на руралната жена кога станува збор за други специфични цели кои се однесуваат на нејзина недискриминација при вработување, поставување на раководни позиции и имплементација на важни дејства од нејзина страна. Граѓанските организации со овој проект се мотивираат на поголема вклученост на руралната жена во имплементација на проекти од повеќе области.

DSC 1202

Во оваа публикација се елаборирани состојбите во кои се наоѓа руралната жена, низ истражувања, спроведени електронски и физички, на терен во домовите на руралните жени, а истражувањето опфати вкупно 351 испитаници, од кои 176 мажи и 175 жени.

Публикацијата ги сумира резултатите од проектот и дава конкретни насоки за имплементација на мерки и чекори кои ќе овозможат унапредување во однос на препораките од Европската комисија кои се однесуваат на поглавје 23 со акцент на темелните права, особено делот на заштита од дискриминација на руралната жена. Публикацијата може да се користи за едукација на руралната жена за нејзините темелни права, да придонесе кон социо-економско јакнење на руралната жена, но и да воспостави трајни врски со Владата на РСМ и надлежните министерства во процесот на спроведување на препораките на Европската комисија кои се однесуваат посебно на поглавје 23. Изработените промотивни материјали, согласно проектната документација наменети се за јавноста во насока на подигнување на јавната свест за разбирање на реформските процеси во поглавје 23 (Судство и фундаментални права), со акцент на дискриминацијата на руралната жена и можностите за нејзино успешно функционирање во општество без стереотипи и предрасуди, со елиминирање на сите форми на дискриминација на руралната жена.

zelena berza

Спроведените активности, кои директно ги следат препораките на Европската комисија, дејствуваат пред се, во насока на создавање на подобро утре на руралната жена, нејзино изедначување со жената од урбаните средини, дури и комплетно презентирање на нејзиниот потенцијал, преку успешни примери на среќна, рамноправна и успешна жена – претприемач.

Овој водич е плод на шестмесечна деноноќна посветеност исполнета со многу љубов да се дејствува сега, во неколку конкретни случаи, со цел утре, животот да биде подобар за многу идни генерации.

Основата е поставена, целта е постигната. Нејзината надградба е во рацете на секој поединец, на целото општество.

Тука не застануваме. Продолжуваме по патеките кои создаваат напредок. Јасно поставената цел е цврст темел врз кој продолжува изградбата на грандиозно дело од голем општествен бенефит.

DSC 1181

Пораката е јасна: Само заедно, обединети сите структури, почнувајќи од граѓанските организации, до органите на власта, можеме да креираме стабилна иднина и да ги решиме проблемите кои претставуваат закана за утрешнината.

Оваа публикација, прикажува како Здружението за едукација на земјоделците Зелена берза со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, покажа дека кога се знае како, успехот е гарантиран.

Фондација Отворено Општество Македонија

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани