2win800x200

Граѓаните гледаат кучиња низ улици, но гледаат и дека имаат маркици на увото, вели Богоевски

Мај 28, 2020

Уличните кучиња во Битола ги заловува Шинтерската служба при ЈП „Комуналец“, а потоа се носат во стационар, па на ветеринарен лекар, на крај со маркица на уво се пуштаат назад, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски запрашан како постапуваат со бездомните кучиња.

„Се она што е во законските обрски на Комуналец. Имаме Шинтерска служба која ги заловува кучињата и по барање на граѓани и самостојно на локации кои вработените ги процениле. Потоа ги сместуваат во нашиот стационар кој се наоѓа во близина на зоолошката градина и Буковските гробишта. Од таму имаме обврска да ги носиме кај ветеринар кој соодветно постапува со нив и му става маркица. Потоа, кучето го враќаме на местото каде што сме го заловиле. Затоа граѓаните често пати гледаат кучиња по улици, но гледаат и дека имаа маркици што значи постапуваме по нашите законски надлежности“, рече Богоевски.

Тој додаде дека сакаат да излезеат во пресрет и на оние кои се љубители и оние кои се жалат на кучињата, но има несовесни граѓани кои ги кршат катанците и ги ослободуваат кучињата од стационарот. За тоа ја информирале и полицијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани