Октомври 16, 2018

Библиотеката ќе донира книги во битолскиот затвор

Јануари 09, 2018
 

Во битолскиот затвор ќе биде формиран оддел каде што ќе бидат сместени книги кои затворениците ќе можат да ги позајмуваат за читање.

 

Ова е договорено на средбата меѓу директорот на КПУ Затвор – Битола, Драган Крајовски  со  директорката  на  битолската библиотека  „Св. Климент Охридски“ – Битола , Јелена Петровска.

Од својот библиотечен фонд библиотеката ќе оддели дел од дупликатите, подарени книги и книги за размена  со цел да се поддржи програмата на затворот за подобрување на условите и  ресоцијализација на затворениците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани