Јануари 19, 2018

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Јануари 09, 2018 31

На денешен ден, 10 јануари, во 1928 година во селото Дихово, Битолско, е роден Јонче ЃОРЃИЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Како пионер бил активен во помагањето на антиокупаторското и антифашистичко движење во Битолско. Бугарската полиција го затворила и физички го малтретирала уште од 1942 г.

Во март 1943 г. се илегализирал и стапил во партизанските единици. Учествувал во бројни борби со бугарските и германските окупаторски воени и полициски сили.

Бил борец во составот на Првата македонска бригада и со неа учествувал во завршните борби за ослободување на земјата на Сремскиот фронт и во тие борби храбро го загубил животот на 25 март 1945 г. кај Славонска Пожега, Хрватска.

                                                                                                             подготвил д-р Александар Литовски, историчар

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани