2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН е роден Славко ЈАНЕВСКИ

Јануари 11, 2018

На денешен ден, 11 јануари, во 1920 година, во Скопје е роден Славко ЈАНЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, поет, раскажувач, романсиер, есеист, сценарист, сликар.

Мошне рано почнал да се занимава со литература и сликарство.

Како припадник на Третата македонска ударна бригада ги напишал стиховите „Крвава низа“. Од јануари 1945 г. ја уредувал првата периодична публикација за деца на македонски јазик „Пионер“.

Бил главен уредник на списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, на литературната ревија „Хоризонт“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Голем дел од својот живот го поминал како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Македонска книга“ и „Наша книга.“

Бил еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 г. и негов претседател. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и на Рациновите средби, како и еден од основачите на МАНУ во август 1967 г.

Неговите дела биле преведувани на сите јужнословенски и на многу други јазици во светот. Застапуван бил во македонски, европски и во светски антологии.

Бил автор на првиот роман и на првата повест во македонската литература. Во поезијата најзначајно му се сметало делото „Евангелие по Итар Пејо“, во детската книжевност трилогијата „Пупи Паф“. а во прозата романсиерскиот опус Кукулино, во кој (во 10 тома) го следи историското ходочастие на Керубиновото племе низ цели 14 столетија

. Во неговото творештво проникнуваат историјата и митот, реалноста и фантастиката.

Бил и автор на две филмски сценарија и на ликовни изложби.

Бил добитник на највисоки национални југословенски и македонски и други награди и признанија од областа на литературата и филмот.

Починал во Скопје на 30 јануари 2000 г.

                                                                                                 подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани