2win800x200

Пругата кон Грција, изборниот адут на ВМРО ДПМНЕ, сега во рацете на СДСМ

Ќе успее ли актуелната Влада да го заврши проектот за изградба на пруга од Битола до Кремница во должина од 17 километри, што во повеќе изборни циклуси, локални и парламентарни, го имаше во програмите на ВМРО-ДПМНЕ?
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најавува дека работите на оваа делница  ќе  продолжат откако на крајот на октомври ќе биде избран најповолниот понудувач,  а во мементот  тече  фазата на евалуација на компаниите кои се јавиле на вториот тендер што беше распишан за изградба на делницата.   Тој рече дека се прават напори Македонија да не ги изгуби 20 милиони евра, средства  од европските ИПА фондови и изградбата да падне на товар на државата.
20170526 121118
-Во моментот се врши евалуација, која треба да заврши до крајот на октомври, потоа да се избере комапнија што ќе работи. Станува збор за средства од ИПА фондовите кои што треба да бидат искористени оваа година и ние планираме работите да ги забрзаме, за да тие средства,  наменети за пругата,  не паднат на товар на буџетот на РМ. Максимално сме посветени на таа работа, пред неколку дена имавме средба со министерот за финансии и со директорот на  Македонски железници –Инфраструктура,   на која што разговаравме сите ове процеси се одвиваат максимално прецизно. Се надеваме дека  следната година пругата ќе биде направена, рече Сугаревски.
Повеќе од една година на оваа делница се запрени сите изведбени работи, откако Министерството за финансии лани во јули го раскина договорот со конзорциумот составен од три бугарски и една македонска фирма, кој доби на првиот тендер за изградба на пругата Битола-Кременица. Конзорциумот во договорениот рок од јануари 2015 година до јули 2016, реализирал само 25 проценти од градежните работи на пругата. Околу 70 фирми подизведувачи не ги добија парите за сработеното, за што лани  протестираа, а потоа го тужеа конзорциумот за долг од околу 1 милион евра. И државните ревизори  во ревизорскиот извештај  за развој на железничкот сообраќајобјавен во јуни,  предупредуваат дека до крајот на 2017 година,  Министерството за транспорт, како носител на проектот, треба да ги заврши сите изведбени работи, а во спротивно по овој датум, трошоците ќе паднат на товар на  државниот буџет. Во ревизорскиот извештај, исто така се наведува дека изведувачот имал слаб технички и професионален капацитет за извршување на работите во рамките на роковите утврдени со договорот.
20170526 122740
Лани во ноември тогашниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, изјави дека по раскинување на договорот,  ќе се активира наплатата на банкарската гаранција. Досега никој не понесе одговорност за начинот на кој се реализраше еден од главните адути на досегашните изборни циклуси на ВМРО-ДПМНЕ.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани