Хуманитарна акција на РК "Пелистер" и "Чкембарите"

Јануари 26, 2018

РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на  62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.

– Сакам да истакнам дека ова е почеток на хумантирани акции на "Чкембарите" и новата управа на РК "Пелистер".  Денеска сме тука да и излеземе во пресрет на тетка Љуба со неколку кубици дрва да и помогнеме да ги складира со цел да ја преживее зимата, а донесовме и храна, изјави Сашо Шамбевски од РК Пелистер

FB IMG 1516985220958

Ова е прва заедничка акција на "Чкембарите" и РК "Пелистер"

– Оваа можност ја користиме да ги повикаме сите здруженија, организации и фирми што е можно повеќе да помагаат, велат од навивачката група "Чкембари".

FB IMG 1516985249045

Сите оние граѓани кои сакаат да и помогнат на Љуба Поповска, можат да ја најдат во куќата која се наоѓа кај „Расадникот“ во  Довлеџик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани