2win800x200

Козаров за цената на водата

Јануари 30, 2018

Ако одевме контра и против решението на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на тарифа за водата, ЈП „Водовод“ ќе беше казнет со 30 000 евра, рече Горан Козаров директорот на ова претпријатие, за време на своето обраќање во Советот во врска со цената на водата.

 

„Со носењето на одлуката за утврдување на тарифа за водата, УО на ЈП ‘Водовод’ заштеди околу 30 000 евра. Ако не ја послушавме наредбата, односно законската обврска  која ни е дадена од Регулаторната комисија ќе имавме казна, за мене како управител на претпријатието одредена сума и казна за претпријатието за неспроведување на одлука, бидејќи од овој момент, од оваа година Регулаторна почнува да работи со давање тарифи и цени, дали тоа ќе се спроведи и кога не знаеме. Како Управен одбор и претпријатие усвоивме една одлука и ја пративме до Советот. Ако ние одевме контра и против решението што ни е доставено, немаше ништо да издејствуваме освен 30 000 евра трошок на претпријатието“, рече Козаров.

Тој додаде дека за разлика од порано кога за цената на водата одлучувале претпријатието и владеачкото мнозинство во Советот, сега Регулаторната комисија ( за што пред неколку години беше донесен закон)  преку решение им наложила да се утврди нова тарифа за водата. Тарифите што ги дала се извлечени врз основа на тригодишни анализи во кои учествувале и претставници на јавните претпријатија, кога на нивно чело биле директори од претходната власт.

„Решението до ЈП ‘Водовод’ беше пратено на 24 ноември минатата година. На ова решение ние не можевме да поднесеме жалба бидејќи има рокови само за одговор кон таа институција. Жалба  можеме да поднесеме само околу методологијата на пресметка, значи да се жалиме на цел тој период кога претстваници од јавното претпријатие учествувале во изготвувањето на тие материјали  и анализи за да се стигне до таа цена. Многу е глупаво ние да приговараме на нешто што е работено веќе три години. Ние за две до три недели, колку што ни остануваше од законскиот рок за приговор, како нов тим во претпријатието не можевме да направиме анализи на кои некој претходно потрошил три години“, рече Козаров.

Тој напомена дека како директор ќе биде отворен за сите предлози и сугестии на граѓаните и најави дека во следниот период драстично ќе ги намали трошоците во претпријатието.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани