2win800x200

Почна акцијата „За зелена Битола“

Јануари 31, 2018

Почна акцијата „За Зелена Битола“ со која ќе бидат засадени  3000 садници на различни локации  низ градот. Јавното претпријатие „Комуналец“  денеска уредуваше простор  меѓу згради во Нова Битола, во близина на училиштето „Климент Охридски“. Покрај новите садници, во наредниот период ќе се постави и урбана опрема на оваа локација.

„Денес се посадени 25 зимзелени и 5 листопадни дрвја. Околу секое дррво правиме прстени, со што сакаме да им укажеме на граѓаните дека станува збор за ново посадено дрво и потребно е сите да се грижиме и да не го уништуваме за да го имаме и понатаму. Од друга страна, нашите вработени, редовно ќе ги одржуваат и овие зелени површини, како и останатите паркови во градот. Апелираме граѓаните да ни помагнат во овој процес на одржување на овие површини. Во наредниот период ќе изаботиме и план и ќе го уредиме просторот хортикултурно и со урбана опрема. Имаме барање од граѓаните да се постават уште неколку клупи и да се дополни  опремтаа во малиот детски парк.  Додека се работеше на оваа локација, дојдоа граѓани и побараа да ја расчистиме депонијата која се наоѓа овде во близина. Истовремено сакам да кажам дека  стоиме на располагање на сите граѓани за идеи, сугестии и предлози кои ќе се реалзираат со наша помош за зазеленување и одржување на површините пред нивните домови и згради, рече Панде Боговски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

2

Акцијата ја спороведува општина Битола, со јавните претпријатија, со финансиска поддршка  од  РЕК-Битола.

„Започнуваме со засадување на садниците што ги најавивме деновиве. Особено се радувам што доаѓаме во дел од градот каде што е очигледно е дека имало недостигн од дрвја. Мапирани се локациите, но она што посебно ме радува што деновивме имаме голем број  на барања од граѓаните на воочени локации од нивна страна, што значи дека ова е акција што ја спроведува општина Битола, зедно со граѓаните, во интерес на сите нас, да имаме позелена и почиста  Битола. Секоја садница е благодет и придонесува за почист воздух, а  ако тоа го изработуваме со сооодветна динамика  навистина сите ќе го почувствуваме бенефитот, изјави градоначалничката Наташа Петорвска.

Следна локација на која ќе продолжи акцијата „За зелена Битола“   е пред училиштето „Климент Охридски“  и околни згради. 

3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани