2win800x200

Средното медицинско училиште во Битола со променет лик

Февруари 01, 2018

Средношколците од медицинското училиште во Битола, второто полугодие го започнаа во сосема поинакви услови од оние во кои дотогаш се одвиваше наставата.  Менаџерскиот тим, со помош на родителите, учениците и некои компании, за време на школскиот распуст санираа дел од катастрафоалната состојба во кое се наоѓаше училиштето.

-Акцијата ја започнавме со поддршка на учениците и родителите. Во десет дена се бојадиса цело училиште. Започнаа родители на двајца ученици, а потоа се приклучија сите. Некои донесоа боја, други испратија мајстори. Се организираа учениците од сите класови, а на  крај  сите заедно го средивме нередот  и работата ја завршивме во рекордно време. Искршените врати ги заменивме со нови кои ги донираше РЕК Битола, од Ротари клубот донираа столици, а парното греење во спортската сала кое никогаш не проработи  сега е ставено во функција со помош на  екипа која беше испратена од општина Битола, изјави Билјана Кокалевска, директор на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола

Таа по доаѓањето на функција на  2 декември минатата година ги отвори вратите од училиштето за новинарските екипи кои ја регистрираа катастрофалната состојба- извадени и искршнеи врати од училниците, без брави и кваки, кои се потпираа со столче од надвор. Во училниците, на подот и ѕидовите имаше дупки, дел од столчињата и клупите беа искршени, компјутерите оштетени, на прозорците висеа завеси, парното греење беше во дефект.

Тогаш менаџерскиот тим испрати апел до сите родители, компании и институции да помогнат за санирање на ваквата состојба затоа што училиштетото го наследи  со  блокирана сметка  и долг од половина милион евра од поранешната директорка   Јасмина Ниќиќ Десановска, која  е  меѓу 22 обвинети за злоупотреби на школскиот превоз за сума од 360.000 евра во случајот „Транспортер“, каде првообвенет е ексградоначалникот Владимир Талески.

Градоначалничката Наташа Петровска,  на својот ФБ профил објави фотографии од училиштето пред и по санирањето на состојбата и напиша:

„ПРЕД-ПОТОА, МЕДИЦИНКО УЧИЛИШТЕ-Човечкиот фактор и менаџерскиот тим се исклучително значајни за успешно функционирање. На сликите подолу може да се види само еден дел од претходната состојба и сегашната во медицинското училиште во Битола. Промени за исклучително краток период. Променети врати на училници, бојадисани училници, поставени завеси, санирани подови... Најважната - по 7 години загреана спортска сала! Можело ако се сака! Сликите најдобро говорат. Се гордеам со досегашните промени на новиот менаџерски тим“

meicinsko3

medicinsko2

medicinsko4


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани