2win800x200

Преспанските екологисти апелираат Владиката Петар да се откаже од сечењето на манастирската шумата

Февруари 04, 2018

Преспаснките екологисти со петиција која е во тек,  ќе  ја спасуваат  манастирската шума над Јанковец. Бараат  Преспанско-пелагониската епархија да се откаже од сечата  на околу 70 хектари површина, затоа што тоа  може да предизвика еколошка катастрофа со огромни  последици.

-Сметаме дека уништувањето на шумата ќе придонесе за уште една елементарна непогода која што ќе има далекусежни последици за ова подрачје. Би сакала да ја споменам и заштитаната улога на шумата која го штити овој крај од пороен дожд и можна ерозија. Со самото уништување, заштитната улога на шумата се губи и е оправдан стравот на локалното населени, затоа што од најмали врнежи може да дојде до огрмни последици по однос на селото и локалните жители, изјави Билјана Нечовска Стефковска,од  „Еко Герила“-Преспа.

Screenshot 2018 02 04 18 31 44 1

Мештаните од  Јанковец веќе формираа иницијативен одбор за спас на манастирската шума и не го прифаќаат објаснувањето на Владиката Петар, дека шумата ќе се сече за да се обебзбедат пари за обнова на црквата во манастирот.

-Доколку и понатаму Владиката Петар остане на ставот да се исече шумата ние ќе преземем радикални мерки и со жив штити ќе ја браниме шумата, изјави Иванчо Марически, иницијативен одбор за спас на манастирската шума.

-Да ги превенираме причините, а не да дојде да ги лечиме последиците, рече Златка Божиновска, жител на Јанковец

-Изговор им е  да ја сечат шумата за да исперат пари. Во денешно време луѓето мислат како да исперат пари, рече Иван Радевски од Јанковец.

Screenshot 2018 02 04 18 32 38 1

Владиката Петар,  изјави дека шумата е на црковен имот, а сечата ќе биде законска. Им порача на мештаните да обезбедат 100 илјади или барем 50 илјади евра за обнова на црквата, а епархијата ќе се откаже од сечењето, иако, како што рече,  шумата е заболена од паразити, а дрвокрадци ја соголиле планината, па постои опасност Јанковец да остане и без шума и без црква. Жителите му порачаа дека шумата не ја даваат и сами ќе ја обноват црквата. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани