2win800x200

Снегот вечерва го отежна сообраќајот на планинските превои

Февруари 07, 2018

Врнежите од снег вечерва предизвикаа проблеми во сообраќајот на некои патни правци, посебно на планиските превои.

Сообраќајот на Стража од вечерва во 21 часот се одвива наизменично, по една коловозна лента, поради заглавен камион. Од„ Македонија пат“ известуваат дека нивни екипи работат на отсранување на возилото и нормализирање на сообраќајот.

Од АМСМ информираат дека поради врнежите од снег на овој патен правец од 19,50 е воведена забрана за тешки моторни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северните, западните, југозападните и јужните делови од државата.

Во североисточните и источните делови коловозите се местимично влажни.

Врнежи од снег има на Попова Шапка, потоа на планинските превои Стража, Буково, како и Крушево и Маврово, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на „Македонија пат“

На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува внимаелно возење, прилагодена брзина на движење,  почитување на поставената сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Гостивар-Стража, Маврово-Дебар, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Според прогнозите, утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот.

Пообилни врнежи ќе има во сабота.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани