2win800x200

Наскоро симпозиум за почетоците на австриската дипломатија во Македонија

Февруари 08, 2018

Во Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ беше одржана работна средба на в.д. директорите на националните институции Завод и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Јелена Петровска и историчарот проф. д-р Александар Литовски со почесниот конзул на Р. Австрија во Р. Македонија д-р Валентина Илиева. 

Состанокот беше инициран како можност за соработка на институциите од културата со Конзулатот на Р. Австрија во Битола. Беа презентирани информации во врска со организацијата и подготовките за симпозиумот „Почетоците на Австриската дипломатија во Македонија –со посебен осврт на Австриско – унгарскиот конзулат во Битола/Монастир 1851-1919“, кој ќе се одржи во Битола на есен во 2018 година во библиотеката. Во истиот период се планирани и други активности поврзани со темата како што е пригодна изложба и распишување на конкурсот за ликовни творби на зададена тема со ученици од основните училишта. 

Се разговараше за можни идни заеднички проекти од двете институции, но и за конкретни активности за поголема препознатливост на институциите од културата во градот. 

Со почесниот конзул се договорени литературни читања на германски и македонски јазик како дел од програмата за доближување на светската книжевност кон читателите во Битола. Во втората седмица на месец март во план е организација на семинар за професори по германски јазик и литературно читање на авторката Ренате Велш од Виена Австрија.Веќе традиционално во октомври се планираат и активности поврзани со манифестацијата „Австрија чита 2018“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани