Октомври 18, 2018

ГАС ЌЕ СТИГНЕ ДО ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА, СЕ ПОДГОТВУВА ПРИМАРНАТА МРЕЖА

Февруари 12, 2018

Нема да дозволиме гасот да стигне до општина Битола, а во градот да не биде поставена примарната мрежа, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на денешната средба со директорот на Македонски енергетски ресурси-МЕР, Благојче Котевски, кој најави дека до јануари 2020 година гасоводната мрежа ќе стигне до Битола.

 

„Сакам да ги уверам граѓаните на општина Битола дека нашата цел не е само да се сликаме пред камери и да даваме изјави туку целата е гасот да дојде до Битола и бенефитите да ги користат сите од јавните институции, граѓаните и индустријата. Ако ние немаме индустрија која ќе биде гасифицирана ќе нема ефект врз општина Битола“, рече Котевски.

Тој додаде дека гасот ќе биде поевтин од струјата, но гасификацијата ќе доведе и до поздрава животна средина.

„Гасот ќе биде поевтин, но не е само финансискит дел што ќе го има, туку има и еден друг побитен елемент. Како советници ветивме дека од Битола ќе направиме поубава средина, Битола ќе биди град кој ќе биде пристојно место за живеење и заболувањата што се последица од атмосферското згадување да бидат минато. Не е само финансискиот бенефит, гасот како енергенс ќе придонесе Битола да стане поатрактивна и за инвестирање, а со тоа и отворање на нови работни места и зголемување на стандарот на живот во општина Битола“, рече Котевски.

 Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека е горда што општината предничи  пред другите општини во земјава во спроведувањето на проектот за гасификација.

“Општина Битола теба да се подготвува и за мрежата што ќе биде поставена во градското порачје. Ние согалсно подготовските што ги правиме ги имаме двете главни линии по кои ќе се одвива мрежата во нашиот град. Имаме направено и досега сериознен пристап за тоа кои субјекти стопански ќе можат да се приклучат. Останува во следниот период агитирање од страна на Општина Битола за максимализирање на пристапот на оваа мрежа, а со тоа и мотовицаија на граѓаните да се вклучат во истата. Согласно интересот на граѓаните и оваа мрежа ќе се шири“, рече Петровска.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани