КРИВИЧНИТЕ ЗА РЕК ПРОИЗЛЕГОА ОД ИСТРАГАТА ПО ПРИЈАВАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗА НАС СЕ РАБОТИ“

Февруари 13, 2018

Кривичните пријави што полицијата ги поднесе денес против ЕЛЕМ и петмина поранешни директори од РЕК „Битола“ произлегле од истрагата што била покрената по пријавата на здружението „За нас се работи“, потврдија од СВР Битола.

Активистите на ова здружение пред девет месеци во кривична пријава поднесена до Основното јавно обвинителство ги обвинија тогашниот генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски и неколкумина други директори од РЕК за загадување на животната средина.  

„Одговорност и санкции мора да има зашто таму не било постапувано според законот. Мора да одговараат сите што свесно или несвесно не презеле соодветни мерки  бидејќи поседиците се големи по здравјето на луѓето. Не се работи тука за финансиска загуба, туку за здравје“, рече Душко Груевски од „За нас се работи“.

Денес полицијата поднесе кривични пријави  против ЕЛЕМ  за загадување на животната средина и природа, како и против петмина поранешни директори и раководители во РЕК „Битола“, осомничени за соизвршителство во ова кривично дело. Тие пропуштиле да ги реконструираат филтрите на РЕК и дозволиле да се пропуштат штетни честички повеќе од дозволеното, а при отпепелувањето на одлагалиштето да се создаваат вртлози од пепел со што се зголемило загадувањето.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани