Министерството за култура одобрило 2 милиони денари за „Битфест“

Февруари 15, 2018

Министерството за култура и одобрило 2 милиони денари на Општина Битола за битолското културно лето „Битфест“ -2018. Во годинешната програма за култура под ставката -интердисциплинарни проекти,  стои дека општината побарала 4 милиони денари од Министерството за култура за оваа манифестација, но таа сума е преполовена.

Прашањето е дали градоначалничката Наташа Петровска годинава ќе го задржи истото име на манифестација „Битфест “чии кум беше екс градоначалникот Владимир Талески во 2005 година.

 

И претходно локалните власти во Битола секое лето организираа летни културни манифестации, но не под овој назив.

Петровска по наследениот долг од 13 милиони евра од претходното раководство, најави дека ќе го менува концептот за битолското  културно лето и ќе крати на средствата кои беа трошени за оваа намена, а годишно изнесуваа и по неколку стотици илјади евра.

Градоначалничката Петровска по стапувањето на функцијата рече дека за „Битфест“ лани биле склучени договори во износ од 220 000 евра. Од нив исплатени биле 180 000 евра, а за наплата останале уште 39 000 евра. Таа, тогаш додаде дека дел од договорите бодат очи зашто под закрилата на културни манифестации се вршеле исплати на привилегирани поединци. За да не се соочат со тужби, неисплатените суми за „Битфест“ се обезбедени од ребалансот на општинскиот буџетот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани