2win800x200

ГОЛЕМ МИТИНГ НА СДСМ ВЕЧЕРВА НА МАГНОЛИЈА

Септември 25, 2017

Вчерва во 20.30 часот на плоштадот Магнолија, Социјалдемократскиот сојуз и коалиционите партнери ќе одржат голем народен митинг со кој ја започнуваат  изборната кампања токму од Битола.

На митингот најавено е дека ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев, кандидатката за градоначалник Наташа Петровска и носителот на кандидатската листа со советници Валентин Груевски.

Портпаролот на СДСМ од Битола, Борче Корлевски, рече дека поради важноста на нашиот град одлучиле  првиот митинг да го одржат токму во Битола.

-На митингот ќе ви ги претставиме нашите идеи  за еден поинаков, почист, позелен  и економски побогат град , во кој спортот ќе си го добие назад својот сјај. Кандидатката за градоначалник е истакнат борец  за доброто на градот  која заедно со советниците  со единственост, работа и ентузијазам ќе ја направат Битола да биде победнички град- рече Корлевски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани