Библиотеката го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Февруари 21, 2018

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со  ОУ „Даме Груев“ – Битола денеска го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Сакаме да им укажеме на најмладите читатели колку е значаен мајчиниот јазик за идентитетот на еден човек, но истот така, ние како библиотекари, да ги вложиме сите наши напори да се сочува македонскиот јазик, кој е јазик со ограничено дифузно значење, е помал од другите светски јазици, кои што се агресивни кај нас. Библотеките се храмови кои што го чуваат пишаниот збор и се бастион на она што претсавува борба за употреба на македонскито јазик, наместо странските зборови.  Заедно со наставници од основните и средните училишта, со Педагошкиот факултет ќе се потрудиме во иднина да организираме повеќе вакви актвности, работилници, рече Јелена Петровска, директор на НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

DSC01479

Професорката по македонски јазик од ОУ „Даме Груев“ во Битола, Билјана Герас пред присутните зборуваше на тема „Мајчиниот јазик-наш идентитет и наша култура“

„Јазикот е показател на идентитетот, на припадноста кон одредена нација. Во оваа смисла, не е доволно само да го поседуваш богаството, уште поважно е да се негува и зачува за наредните генерации. Секое богатство ако не се негува и надополнува понатаму – кога и да е, ќе се истроши или ја изгуби својата моќ. Па така и јазикот. Без натамошно континуирано вложување во тоа богато наследство, настанува ситуација на губење на јазичната вредност. И како што вели Крсте П. Мисирков: „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто е наш, исто како што е наша татковината. Оној што се грижи за татковината, се грижи и за мајчиниот јазик, рече Герас во своето излагање.

Пред присутните беше прикажан документарниот  филм за Кирилицата и Словенската писменост во Македонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани