2win800x200

Врнежи од снег низ цела држава, возете внимателно, предупредуваат надлежните

Февруари 25, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

На сите сообраќајни патни правци во државава се забележуваат врнежи од ситен снег.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод,  Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Од 13,20 часот воведена е забрана за тешки моторни возила на патот Дебар-Маврово, известуваат од АМСМ.

На Попова Шапка има магла со видливост 10 – 15 м.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани