Webp.net gifmaker

„Поинаку“ одби да учествува во донесувањето на завршната сметка за 2017 година

Март 13, 2018

Советниците од независната листа „Поинаку“ ја напуштија седницата на Совет додека на неа се разгледуваше и гласаше завршната сметка на Општина Битола за 2017 година.

 

Советничката Габриела Илиевска образложи дека поради три причини се одлучиле на ваквиот чекор. Прво, поради отсуството на градоначалничката Наташа Петровска на седницата и второ, поради тоа што им било ветено дека седниците целосно ќе бидат снимени и емитувани на локален медиум со цел поголема транспарентност во работењето на Советот, а на седница денес немаше камера за да ја сними цела седница.

„Главна причина заради која сметаме дека оваа завршна сметка не е како што треба и не смееме ни да присуствуваме на нејзиното разгледување е што од наша страна беше предложено да се формира комисија за испитување на работењето на Општина Битола во изминатите 12 години. Истата беше одбиена и ние не можеме да поддржиме криминали за кои претходно кажувавме дека ги има во работењето на Владимир Талески“, рече Илиевска.

Токму најголемиот дел од завршната сметка за минатата година се однесува на периодот кога со општината уште владееше ексградоначалникот Владимир Талески.

Претседателот на Совет, Валентин Груевски, рече дека градоначалничката е отсустна поради седница на Советот на ЗЕЛС.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани