Webp.net gifmaker

Утре е последен ден за поднесување годишна даночна пријава

Март 14, 2018

Утре (15 март) е последен ден за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите што граѓаните ги оствариле во 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

До денес  на ниво на општините Битола, Могила и Новаци примени се околу 24 000  даночни пријави, а рокот истекува утре во 21 часот.

Жителите на општина Могила и Новаци ГДП можат да поднесат во привремените даночни шалтери во општинските згради, исто така  до утре, и тоа во Новаци до 12  часот , а во Могила од 12, 30 со 15  часот, информираат од регионалната дирекција на УЈП во Битола.

Отаму, исто така , информираат дека законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, која се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани