2win800x200

Големите фирми полесно пливаат низ законските регулативи од малите и средни бизниси

Септември 26, 2017

Законот за работни односи, даноците, царините , живитната средина и Законот за заштита при работа, се посочени како проблеми во работата на малите и средни претпријатија и не само тоа туку клучни теми во имплементација и финансиските издатоци. Ова е дел од анализата направена за прокетот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ , подржан од УСАИД, а во соработка со Стопанската комора на Р. Македонија и уште четири други комори партнери.

-Оваа година овие четири закони беа детално разработени со компаниите кои понатаму ќе бидат проследени во институциите . Законите мора да се адаптираат на компаниите, а денеска во фокусот е Законот за работни односи за компании од интелектуалната дејност–рече Јадранка Ризанковска, виш советик во Стопанската комора на Р. Македонија, на  средба со компании од Битола.

Според учесниците во проектот, проблемите на малите и средни бизниси се сосема различни од големите компании.

- Значи малите бизниси имаат поголеми проблеми со имплементирањето на законската регулатива од големите фирми кои имаат капицитети каде да ги адресираат тие проблеми-рече Љубчо Димовски од „Епицентар-интернационал“ , координатори на пректот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани