Ученици од Битола на литературно читање со светски познатата писателка Ренате Велш

Март 20, 2018

Ученици од Битола имаа несекојдневна можност да присуствуваат на литературно читање со една од најпознатите австриски писателки за деца, Ренате Велш, што се одржа во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, но и да ѝ покажат колку добро научиле да го зборуваат германскиот јазик во своите училишта.

Писателката Велш на своите седумдесет години допатува во Битола и на учениците лично им прочита извадоци од своите раскази наменети за деца, а потоа им раскажуваше за својот живот, мотовацијата за творење, па дури и за тешките периоди што ги поминала за време на Втората светска војна.29496203 360914817725224 4010981232299999232 n

„Таа е уникатна авторка на над 80 дела читани и преведувани на многу јазици. Нејзините дела се многу наградувани. Таа е повеќекратен добитник на Австриската државна награда, Наградата на градот Виена, за романот „Јохана“ беше одликувана со Германската награда за литература за деца и млади. Нејзиниот целокупен творечки опус беше одликуван со награда за животно дело во 1995 година“, рече наставничката по германски јазик Симона Монавчева.29468906 360915004391872 6020298110259953664 n

Учениците од битолските основни училишта „Елпида Карамнади“ предводени од наставничката Билјана Митковска, „Гоце Делчев“ од Елена Поповска и Афродита Бахан и „Тодор Ангелевски“ од Симона Монавчева пред австриската писателка се претставија со драматизации на нејзини дела. Тие неа ѝ подарија свои изработки поврзани со темите од делата, а таа воодушевена од топлиот прием им подари автограм.29433326 360914371058602 5441725982098587648 n

29389390 360914747725231 2055687720004485120 n

29467887 360914781058561 2254429609275686912 n

„Ова е исклучителна можност во Битола да бидеме почестени со еден брилијантен автор, кој добил 25 награди за своето творештво. Студирала англиски, шпански и државни науки и од 1970 година пишува книги за деца, млади и возрасни. Живее во Виена. Нејзините книги, за жал, не се преведени на македонски јазик, а во Библиотеката има 6 наслови кои се дел од австриската збирка, благодарение на австрискиот конзул д-р Валентина Илиева“, рече директорката на Библиотеката, Јелена Петровска.29473002 360915011058538 2822628257545846784 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани