Два концерти на Каролина Гочева следната недела во Битола

Март 20, 2018

Следната недела, македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева, со два концерта на 27 и 28 март во Битола, ќе го промовира новиот, 9 ти по ред студиски албум „Извор“. По седумте концерти одржани во Скопје, Каролина, ќе одржи два концерти во родната Битола, иако плановите биле новиот албум да го претстави пред битолчани летово на концерт во античкиот локалитет Хераклеја.

-Концертите во Битола доаѓаат веднаш после оние во Скопје. Добивме многу пораки на социјланите мрежи дали ќе имам концер во Битола. Се е разбира дека за битолската публика секогаш сум тука. Не можевме во овој случај да чекаме до на лето, не можевме да издржиме и сакавме што побрзо да направиме концерт и овде во Битола, кој ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура и ве очекуваме да дојдете да го слушнете албумот „Извор“ и песните од претходните албуми кои ги вклопивме во овој проект. Ќе бидат изведени дваесетина песни, програмата трае 2 часа, имаме многу музичари на сцена, а во преговори сме и со некои музичари од Битола, рече Каролина Гочева на денешната прес конференција.

Од Авалон информираат дека првиот концерт на 27 март е речиси распродаден, а за вториот се уште има карти.

- Како Авалон продукција долго го очекувавме овој албум, затоа што толку добро поминавме со претходниот албум и концертните промовирања, што со нетрпение го очекувавме новото издание. Не се сомневавме дека Николче и Каролина повторно ќе направат супер албум. Изненадени сме двојно повеќе од тоа што очекувавме, а идната недела ќе го видат и битолчани. Технички, на сцената ви ветувам едно совршено издание. Како Авалон продукција се надеваме дека ќе продолжи оваа генијална соработка помеѓу Каролина и Николче Мицевски, со неколку автори текстописци. Кога имате добар производ, многу е лесно како продукција да го работите тој производ. Тешко е кога треба да импровизирате, рече Денис Илиоски, Авалон продукција.

Секој што ќе присуствува на концертот, на подорак го добие новото ЦД  на Каролина Гочева, „Извор“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани