2win800x200

Во четврток заладување и врнежи од дожд и снег

Март 20, 2018

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2, информираат од УХМР.

Од четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд.

Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд.

Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.

vreme

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани