2win800x200

МВР објави фотографија од лице по кое се трага за нападот врз пратеникот Горан Милевски

Април 02, 2018
Министерството за внатрешни работи на својата веб страница објави фотографија на лице кое е вмешано во нападот на пратеникот Горан Милевски, што се случи пред една недела на плоштадот во Скопје. МВР ги повикува граѓаните кои имаат било какво сознание за лицето од фотографијата, веднаш да пријават во полиција или во обвинителство.
"Во врска со кривично - правниот настан од 25.03.2018 година случен на плоштад  ,,Македонија,, при што физички беше нападнат Г.М.  - пратеник во Собранието на Република Македонија, по извршена консултација со Јавен обвинител, а врз основ на член 561 став 1 и член 563 став 2 од Законот за кривична постапка на Република Македонија, се врши јавна објава на фотографија за едно лице кое што е важно за постапката.
За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице“  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство", се вели во соопштението на МВР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани