2win800x200

Да се сменат судиите што ја злоупотребиле функцијата

Септември 28, 2017

Ниту во стратегијата за реформи на правосудниот систем, ниту во извештајот на Прибе, не се препорачува генерален реизбор на судиите, туку се препорачува евентуално доколку некои судиите пограшиле и ја злоупотребиле својата положба , тие да бидат променети.

Значи не сум убеден дека со реизборот се придонесува до квалитетно судство и незвисност, бидејќи со тоа како што знаете мандатот на судиите е уставна категорија и не ќе може да се променат доколу не се смени Уставот-рече  судијата Шпенд  Деваја од Врховниот суд на Р. М, на денешната панел дискусија во Битола , организирана од Здружението на судиите на Р. Македонија  и Амбасадата на САД во нашата држава, на почетокот на имплементацијата на 6 месечниот проект насочен кон зајакнувањето на улогата и независноста на судиите, преку овозможување на активна дискусија за целите и потребите на владиниот План за реформа „3.6.9“.

Претставникот на Амбасадата на САД во Р. Македонија, Дејвид Стивенсон , во своето излагање рече дека секој правен систем базиран на владеењето на правото има потреба од силни, независни и непристрасни обвинители, судии и адвокати.

-Независноста не е само право туку и одговорност на судството. Судските власти треба да бидат одговорни пред законот и пред јавноста.Преку транспарентно прифаќање на своите обврски пред јавноста , судството станува помалку подложно на надворешните притисоци- рече Стивенсон.

Според него со политичката криза земјата изгуби драгоцено време за промени, но закочениот реформски процес мора да отпочне.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани