2win800x200

Во основното училиште „Климнет Охридски“ отворен ресурсен центар за деца со пречки во видот

Април 03, 2018

Во основното училиште „Климент Охрдски“ денеска беше отворен ресурсен центар кој треба да придонесе за зголемување на образовните можности за децата со пречки во видот, како и рано откривање на евентуални очни болести. Проектот кој има образовна, медицинска и социјална компонента од 2014 година го реализира УСАИД и ЛЦИФ во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа

„За нашето училиште ова е од големо значење, пред се затоа што и  претходниот ресурсен центар го посетуваа наши ученици, а сега ќе биде од голем бенефит за учениците, наместо дакои во својот говор ста одат во друго училиште, да бидат тука постојано и да го користат континуирано согласно потребите на учениците. Во ресурсниот центар ќе работат двајца специјални обучувачи: дефектологот кој што е веќе вработен во нашето училиште и ќе му помага дефектолог од Заводот „Кочо Рацин“, изјави Гордана Анастасовска, директорка на ОУ Свети Климент Охридски – Битола.

Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија и раководителот на проектот од Универзитетот на Југоисточна Европа, Шпетим Љатифи, ставија акцент на условите кои се создаваат за овие деца, преку процесот на реализација на активностите кои произлегуваат од секоја компонента, поединечно. Секако, неопходен дел во создавањето на услови за напредок на децата со пречки во видот е соработката со локалната самоуправа.

„Овој проект значи многу, затоа што станува збор за наши дечиња коишто имаат можност и покрај тоа што имаат пречки со видот, сепак да ги следат наставните содржини и да се едуцираат и на некој начин, да им го надополниме она што го немаат – ја немаат светлината, меѓутоа ние на овој начин им овозможуваме таа да допре до нив и да им се отвори светот и на тие дечиња. Голема благодарност до УСАИД, до Лајнс клубот, до Универзитетот на Југоисточна Европа, на оваа нивна благородна поддршка, идеја и енергија која што насушно ни е потребна и која што покажува дека нивните намери се во иднина да помагаат во овие насоки, а нам како општина и мене како градоначалник, дефинитивно ни е должност, да овозможуваме сите вакви добри идеи да немаат никакви административни пречки, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Проектот за децата со пречки во видот, овозможува комплетна функционалност на ресурсните центри во државата, обезбедување на учебници, аудио книги, квиз на знаење, инклузивни спортски активности, како и вон-училишни активности за децата со пречки во видот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани