Webp.net gifmaker

И ресенчани го кренаа гласот против аерозагадувањето

Април 06, 2018

Ресенчани и ресенските екологисти го кренаа својот глас против туланата „Нова слога“  во Ресен, која тврдат дека ја загадува животната средина и им го загрозува здравјето, затоа што во процесот на производство како енергенс користи петрол кокс. Посебно се жалат жителите кои живеат на стотина метри од фабриката за производство на тули и ќерамиди, кои велат дека веќе 5 години го дишат чадот што се испушта при согорувањето на отровниот енергенс и прашината што се создава при секојдневното минување на камините во населбата. Велат дека не бараат фабриката, во која има седумдесетина вработени да се затвори, туку да престане употребата на енергенсот, кој, како што велат,  секојдневно ги труе.

-Не можеме да излеземе надвор на чист воздух, ниту во дворот не можеме да излезема, чувствиваме главоболка, има силна миризба. Штетно е и за децата и за возрасните, велат жителите кои живета во близина на фабриката „Нова слога“.

Исто така се жала дека тешките товани возила го уништиле и локалниот пат кон ресенските села и бараат сопсвеникот на фабриката да најде алтернативен пристап, за да не минува низ населбата.

-Имаме проблеми со инфраструктура, целосно е уништен патот кон селата Болно и Евла, каде со голема брзина и претоварени се движат камините на „Нова слога“. изјави Зоран Богдановски жител на Ресен.

Здружението „Еко Герила Преспа“ и неформалната граѓанска иницијатива „Стоп за труењето од кокс од „Нова слога“ организираа трибина на тема „Нова слога-стар проблем“ , на која покрај екологистите и граѓаните, присуствуваа и приставници на локалната самоуправа и полициската станица во Ресен. Сите заедно отворено проговорија за   проблемот, а екологистите побараа надлежните да извршат ревизија на еколошката дозвола што фабриката ја добила пред 5 години. Велат се поголем е бројот на ресенчани со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, што според нив се должи на аерозагадувањето.

tribina1

-Петрол коксот е голем загадувач на животната средина и затоа ние како здружение бараме од минситерството за животна средина да излезе на терен и да се преиспита веродостојноста на А интегриранаа дозвола на субјектот. Исто така бараме да се постави мерна станица за мерење на квалитетот на амбинеталниот воздух што би била единствен показател што ние дишиме, рече Марија Ефтимовска, од Еко Герила Преспа.

Најмногу прашања граѓаните присутни на трибината имаа за општинскиот инспектор за животна средина, Андријана Георгиевска Зебековска, која пак им објасни дека има ограничени овласт увања, а досега презела се што е во нејзина надлежност - постапувала по пријавите на граѓаните, повеќепати се извршени мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, кои секогаш биле во дозволените граници. Рече дека професионлано, но и приватно е засегнаа со истиот проблем

-Се чувствувам како да сум на обвинителна клупа, затоа што ги нема одговорните од Министерство за животна средина кои ја издавле дозволат, па да кажат зошто не ставиле ставка дека треба на оџаците да се постават филтри. Тоа стручно би се објаснило дека се додека нема надминување на гранчните вредности на одредени параметри, нема потреба од поставување на филтри. Министерството според законот за животна средина има право да изврши промена на условите за издавање на А интегрираната еколошка дозвола. По 7 години години ќе се изврши генерална еколошка ревизија од Министерството за животна средина. Континуирано имаме стручни извештаи од акредитирани фирми за извршено мерење сите се во ред, повторно нема да биде ставена измена за поставување на филтри. Ништо од тоа не ни оди во прилог. Во прилог оди само да се стави забрана за употребата на петрол коксот, рече Андријана Георгиевска Зебековска овластен инспектор за животна средина во општина Ресен.

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски рече дека е задоволен што конечно во Ресен има друга клима и отворено, без страв граѓаните зборуваат за проблемите, кои заеднички ќе се решаваат.

-Од ден на ден свеста за животната средина станува се поголема, а тоа ми причинува задоволство. Најавив транспарентно и одговорно рботење заедно со граѓаните, а оваа трибина е доказ за тоа. Охрабрен сум што сите заедно чекор по чекор ќе ги решаваме сите проблеми. Кога станува збор за животната средина и човековото здравје, сакам да посочам дека тоа ќе ми биде најголем приоритет, изјави градоначаникот Гошаревски.

tribina2

Сопственикот на туланата „Нова слога“, Васе Митев, вели дека целосно ги почитува законите и дека ги има сите потребни дозволи за работа. Се сомневаат дека некој ги манипулира ресенчани.

-Туланата користи пропан бутан, мазут и само 20 провенти употребва петрол кокс, енергенс кој е дозволен во Република Македонија. Се користи во сите тулани и во други капацитети и тоа во многу поголеми количини. Доколку петрол коксот се забрани за употреба ние ќе го почитуваме тоа. Имаме А интегрирана еколошка дозвола, постојано се вршат мерења на аерозагадувањето, секогаш сите мерења се во ред, иако тоа е дополнителен трошок за нас, но ги исполнуваме сите законски обврски. Не знам кому оди во прилог туланата да не работи , изјави Митев кој вели дека не добиле покана за трибината на која тема била токму фабриката „Нова слога“ со што немале можност да одговорат на обвинувањата.

Организаторите од Еко Герила Преспа, пак, велат дека не само што испратиле покана до компанијата, туку добиле и повратен одговр во кој тие го откажале учеството на трибината, кој го доставија до Апла.мк

„Во врска со вашата покана за присуство на јавна дебата на тема НОВА СЛОГА – стар проблем ве известуваме дека од оправдани причини не можеме да присуствуваме на јавната дебата. Ве замолуваме да го прифатите нашиот одговор позитивно, а ние сме спремни да примиме во нашите простории тројца ваши членови од здружението, заедно со републичкиот инспектор по заштита на животна средина после Велигденските празници и заедно да разговараме за сите наведени точки од вашиот дневен ред на дебатата. Ви благодариме за разбирањето., има напишале од „Нова слога“ на здружението „Еко Герила Преспа“.

На трибината се постигна согласност за формирање на работна група, составена од членови од надлежните органи и претставници на здружението Еко Герила Преспа, и иницијативата, која што ќе изготви правно и институционално издржани барања и истите ќе ги адресира до надлежните регионални и централни органи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани