Промовирани книгите „Стандарден македонски јазик“ и „Академско пишување1“

Април 18, 2018

Универзитетската библиотека „Св. Клмент Охридски“ –Битола и Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, денеска ги промовираа книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Акадмеско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.

-Книгата се темели на најдобрите традиции на она што се вика македонска лингвистичка школа, почнувајќи од Блаже Конески како нејзин основач до денес, а ова дело понатаму ќе значи пренесување на знаењето на помладите студенти, рече првиот промотор на учебникот „Стандарден македонски јазик, проф. д-р. Људмил Спасов.

-Оваа книга доаѓа пред нас во една концизна форма, затоа што денешните читатели, денешните студенти, не купуваат обемни книги, тие сакаат се да им биде на едно место, преку сите современи форми на информација. Оваа книга токму преку граматиката не води до јазикот и текстот, исто како што преку суптилни примери од македонскиот јазик не води до метафората на нашето живеење и нашата стварност. Оваа книга ја обработува највисоката форма и највозвишената фаза од развојот на македонскиот јазик, рече вториот промотор, проф. д-р Димитар Пандев.

Промоторите на учебникот „Академско пишување1“ посочија дека со овој текст се прават пионерски чекори во областа на оспособувањето на студентите за афирмација на сопствениот пишан израз.

-Книгата „Академско пишување 1“ претставува нов вид на литература во нашата земја, бидејќи како што кажуваат и самите авторки, има недостиг од оваа литература. Имајќи предвид дека наставниот предмет академско пишување останува дел од сите студиски програми, на сите воисокообразовни инстутуции, во сите циклуси на образование, како и тоа дека во досегашните истражувања на авторките се констатирани недоволни компетенции на студентите во однос на пишаниот израз, повеќе е од очигледна потребата на учебник од овој вид, рече промоторот на книгата „Академско пишување1“, проф. д-р Ирина Петровска.

-Овој труд „Академско пишување1“ заедно со првата публикација „Стандарден македонски јазик„ сигурно ќе најдат место во широкиот книжевен опус како во Македонија така  и пошироко бидејќи се работи за дела  кои не познаваат  граница во поглед на јазикот. Наша задача е да промовираме еден мошне значаен труд кој се однесува на академското пишување како една од потребите на современиот начин на живеење и творење, рече вториот промотор проф. д-р Добри Петревски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани