2win800x200

Техничкото училиште од Битола се збратимува со училиште од Измир

Април 24, 2018

Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, ќе се збратими со училиштето „Мави Текник“ од Измир, Турција. Претставници на Техничкото  училиште, директорот и помошник директорот од 29 април до 3 мај ќе престојуваат во градот Измир, заедно со координаторите на проектот за збратимување на двете училишта Еркан Лама и Семиха Лама од Скопје.

Директорот на Техничкото училиште Владимир Роме вели дека станува збор за училиште кое е сместено во индустриската зона во Измир.

 

-Ова збратимување е од особена важност за нашето училиште, за соработката и размената на искуствата со училиштето  „Мави Текник“ од Измир. Училиштето  е сместено во индустриска зона, што не случај кај нас. После оваа посета ќе следат посети и на наставници и ученици во Измир со цел размена на знаења и искустава, вели директорот Роме.received 232545164149404

Патувањето е овозможено со сопствени средства на Техничкото училиште и финансиска поддршка од Еуростандард банка А.Д- Скопје , вели директорот Роме, со посебна благодарност до банката, без чија помош не ќе можеше да се реализира ова патување и збратимување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани