Битола на глобалната мапа за одбележување на 30-ти април, Меѓународниот ден на џезот

Април 30, 2018

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), по шести пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април,  со тоа што денеска организира концерт на Беличанска Квинтет. Локација кафе бар Камарите - Битола, со почеток во 22.00 часот.

Беличанска Квинтет е состав од искусни и докажани музичари од нашата џез сцена кој веќе 10-тина години е активен. Зад себе имаат многу настапи, концерти и фестивали во земјата и странство. Негува повеќе стилови почнувајќи од џез стандарди кои се изведени во нивни аранжмани, латин џез, фанк, соул, како и своја авторска музика. Јасмина Беличанска – вокал, Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон, Горан Димитровски – бас гитара, Ристо Крстевски – клавијатури, Зоран (Озо) Ристевски – тапани.

МКЦ реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Овој концерт по шести пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани, велат од МКЦ-Битола.  

Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.  

Настанот е поддржан од градоначалничката на општина Битола , Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани