Учениците им се вратија на конецот и иглата

Мај 08, 2018

Триесетина осмооделенци од основните училишта во Битола се вклучија во акцијата „Моето прво парче“ преку која се запознаваат со вештините на иглата и конецот. Тие учат подетално како да ракуваат со овој прибор, да крпат, шијат, везат, да работат гобленски бод, техники од кои дел веќе исчезнаа низ годините и младите намаа интерес за нив.

 

Акцијата ја спроведува Организација на жени од Битола во соработка со гимназијата „Таки Даскало“ и на овој начин учениците се запознаваат со дел од домакинските умешности на жената кои пред дваесетина години се учеа во предметот домаќинство.

За највештите ученици на крај ќе се организира обука да се научат како да скројат здолниште.

Активностите се изведуваат под менторство на професорката по моден дизајн Анета Стефановска и помошнички од Организацијата на жени.

Се очекува проектот да го поттикне интересот кај учениците за запишување на текстилната насока во училиштето „Таки Даскало“.

„Доколку се запишат на текстилната насока по затвршувањето ќе бидат подготвени да си отворат свој сопствен бизнис. Токму и кројачи фалат на пазарот на трудот. Во изминатиот период се осипуваше бројот на ученици на оваа насока и со ваквите активности се очекува да се побуди интерес и да се зголеми бројот на ученици“, рече Светлана Петковска од Организација на жени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани