Во Битола одбележан Денот на победата над фашизмот - 9 Мај

Мај 09, 2018

Делагации на Сојузот на борци, локалната самоуправа и Славјанскиот универзитет, денеска го одбележаа Денот на победата над фашизмот и се поклонија пред споменикот на НОАВ на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола.

-Секоја  војна носи трагедии и жртви, заради што неопходно е по секоја цена да се сочува мирот, кој е многу важен за да може човекот да просперира, да создава и да гради. Затоа 9 мај потребно е да се одбележува за сите да не потсетува дека војната носи само трагедии, рече Александар Трајковски, претседател на ОО на Сојуз на бприци-Битола.

Во името на градоначалничката Наташа Петровска се обрати Емилија Костурски, заменик градоначалник на Општина Битола.

-Тука сме да одадеме почит на паднатите борци, оние кои што го дадоа животот за денес да уживаме во слободата. Денес го славиме 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, датум што не постетува дека мораме да продолжиме да работиме за да га зачуваме мирот , обединети во разлилностите, рече Костурски.

Меѓународниот Славјански универзитет беше организатор на манифестацијата „Бесмртен полк“, поддржана од Амбасадта на Руската Федерација и Почесниот конзулат во Битола.

Денот на победата над фашизмот е ден кога капитулирала Германија, а Втората светска војна завршила неколку месеци подоцна кога по атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, во август 1945 година, капитулирала и фашистичка Јапонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани