„Водовод“ им дава шанса на граѓаните наместо со извршители долговите да ги подмират на рати

Мај 09, 2018

ЈКП „Водовод“ им дава  можност на граѓаните  кои имаат заостанат долг за вода и тоа по основ  на тужени и редовни сметки  да го платaт на рати без камата.

Временската рамка во која граѓаните ќе можат да си ги подмират долговите започна  денеска

(9 Мај) и ќе трае се до 31 Мај годинава.

 -Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ќе бидиме принудени постоечките тужби да ги доставиме до надлежните извршители, а исто така за заостанате неплатени сметки ќе се  изготвуваат  нови тужби, соопштуваат  од ЈКП „Водовод“-Битола.

Раководниот тим  на ЈКП „Водовод“ Битола најавува дека и во иднина ќе се грижи за своите коминтенти, потрошувачи на вода, преку преземање на мерки  кои ќе бидат во интерес исклучиво на корисниците и граѓаните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани