Заев: Очекувам можно решение за спорот со името пред ЕУ самитот во јуни

Мај 11, 2018

При денешната работна посета на Битола, одговарајќи на новинарско прашање околу преговорите за името меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев, рече дека се надева на решение пред ЕУ самитот во јуни.

-Додека патував од Охрид кон Битола се обидував  да добијам плус информација дали  срдбата на Димитров со Коѕијас, заедно со Нимиц, ќе даде  некој исчекор или резултат. Оптимизмот го темелам на аргументации врз основа  на она што додега сме успеале да го постигнеме. Ќе бидам комплетно среќен ако се реши проблемот , а притоа се сочува достоинсвото и идентитото на македонскиот народ и македонската држава. Тоа ми е многу важно имајќи предвид што добиваме-перспектива, иднина, НАТО, ЕУ, ќе добијат сите граѓани. Очекувањата ми се да имаме решение кога и да е, но сакам, доколку е возможно, да имаме решение пред да одлучува Европскиот совет кон крајот на јуни, затоа што така сме сигурни дека ќе добиеме даум за преговори. Поканта од НАТО ни е автоматска. Има некои предуслови што треба да се исполнат пред да почант ратификациите  во парламентите на земјите членки и затоа се се сведува на потребата од можно решение пред самитот на ЕУ кон крајот на јуни, рече Заев.

foto2

Исто така, Заев го коментираше повлекувањето од советничкото место на Џезаир  Шакири- Хоџа, посочувајќи дека ваквата одлука доаѓа по бурните реакции во јавноста.

-Јавно објавивме кои се причините за неговиот ангажман. Целта беше инклузивен процес, надминување на конфликтите од минатото, но истотвремено сме луѓе кои што слушаат. Реакциите беа преголеми, слушаме што кажува народот, што кажува опозицијата, разговаравме со Шаќири, тој ме извести дека ги следи рекациите и заедно донесовме одлука дека договорот ќе го раскинеме, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепримиерот задолжен за економкси прашања Кочо Анѓушев, градоначалничката Наташа Петровска и битолските пратеници, Александар Кирацовски и Горан Милевски се сретнаа и со битолските стопанственици. На средбата се разговараше за отворените можности за нови инвестиции и поддршка на малите и средни претпријатија.

-Со третиот столб на планот за економски раст, малите и средни претпријатија добиваат најголема државна помош досега. Сакам да ги повикам фирмите да аплицираат по мерките и да ги испцрпат сите предвидени средства. За првпат од државниот буџет се обезбедени рекордни 10, 5 милиони евра само за поддршка на малите и средни претпријатија. Економскиот план обезбедува и поддршка за брзорастечките компании, со 30 проценти поврат на направените инвестиции. За микрокомпаниите овозможуваме поддршка до 30 проценти од направените инвестиции, а за развој  на иновативноста на микро малите и средните компании со поврат до 70 проценти за активности поврзанои со иновации, рече Заев

foto3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани