2win800x200

На цветови отсвирена „Билјана платно белеше“

Мај 11, 2018

Учениците од Државното музичко училиште во соработка со Американското катче на Саемот за креативци успеаја од овошје и цвеќиња да создадат музика. Овошките и цветовите ги поврзаа со алуминиумска фолија со што станаа спроводници и при секој допир на нив преку компјутерска програма се слушаа тонови како од пијано. Така, со допир можеше да се исвири дури и мелодија. Портокалите пак, даваа звуци на тапани.

 

Саемот на кој присуствуваа 25 креатвни тимови, го посетија над илјада посетители. Дел од нив го посетија штандот на Државното музичко училиште, меѓу нив и градоначалничката Наташа Петровска која на оваа интересна креација успеа да исвири дел од медлодијата „Билјана платно белеше“.

Ова беше првиот Саем на креативци на Балканот,  а го организираа Амбасадата на САД во Mакедонија, во партнерство со Aмериканските катчиња во Македонија и Општина Битола.32384018 383993955417310 8582757714533285888 n

32243659 383993905417315 3502651236975378432 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани