Септември 19, 2019

Street gif

По инструкции на Општинскиот кризен штаб кој го раководи градоначалничката Наташа Петровска, ЈП Пазари формира кризен штаб, како критично место на ЈП Пазари е Новиот реонски пазар во Битола каде има подземни води.

-Вработените дежураат 24 часа пумпите работат  без прекин, а имаме и резервни пумпи и помошна пумпа на бензин доколку дојде до поголема вода има подготвени пумпи од ЈП Водовод  кои на повик веднаш ќе дојдат , кризното место се наоѓа во подземјето на Новиот Пазар кај големиот маркет, вели Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.

pazar2

pazar3

Не се најде чаре за доствувачите на стока во Старата битолска чаршија. Откако неколкупати ги откорнаа од бетонот столбчињата кои ги држат синџирите на двата влеза во чаршија сега за време на викендот ги украле катанците.

Пак се откорнати зацементираните  метални столбчиња што пред месец и половина ги постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар.  За време на празникот столбчето е сосема откорнато од улицата и фрлено на патот.  Синџирите поставени на двата  влезови  во Старата битолска чаршија, од страната на Ат Пзар и од кај дрвениот мост , а кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација очигледно им пречат на некои несовени дуќанџии или доставувачи на стока кои за да не ја носат робата на рака или на колички директно влегуваат со возила во заштитената зона. Од ЈП Пазари  беа децидни дека сообраќајот е забранет во оваа заштитена зона, а дотурот на стока дуќанџиите мора да го извршуваат со колички.

Во неделата екипи од Јавното претпријатие „Пазари“ исчистија четири тони хартија во облик на гајби, други отпадни хартиени материјали, пластика, стакло и друг смет оставени покрај тезгите.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани