Webp.net gifmaker

АД Електрани на Северна Македонија на посебна седница на Управниот одбор донесе одлука да донира 3.000.000 денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија од 26.11.2019г. Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош која е отворена од Црвениот крст во нашата земја, по повод овој трагичен настан.

Исто така, генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски упати писмо до генералниот директор на државната електро-енергетска компанија на Албанија, КЕШ, Бенет Беци, во кое изрази длабоко сочуство за загубените животи и за трагедијата која ја погоди земјата. Како деловни партнери од две пријателски држави, Ковачевски понуди секаква помош која е потребна и која АД Електрани на Северна Македонија може да ја пружи во овие тешки моменти за да им се излезе во пресрет на граѓаните од загрозените подрачја.

Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, соопштија од компанијата.

Ковачевски беше досегашен директор на РЕК „Битола“, а назначен е за генерален директор на ЕСМ на местото на досегашниот прв човек Драган Миновски. Инаку, Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика.

Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.

Досегашниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ќе биде идниот генерален директор на Електрани на Северна Македонија. 

До крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри во РЕК „Битола“ со што испуштањето на ПМ 10 честичките петкратно ќе се намали. Ова беше соопштено на денешната работна средба на заменик претседателката на Владата и актуелен министер за одбрана Радмила Шекеринска со раководството на РЕК „Битола“ предводено од генералниот директор Васко Ковачевски.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани