Webp.net gifmaker

Крушево се подготвува за одбележување на уште еден роденден на Тоше Проески со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“ на 25 јануари со почеток во 12 часот.

Во рамки на овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и настап на Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“ Елена Мирчевска кои и со полагање на цвеќе ќе оддадат почит за пејачот и граѓанин на Крушево.

И овој 25 јануари 2020 година ќе биде во знакот на реченицата: „Тоше има само ден на раѓање“.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, на  ФБ објави видео од идејното решение за изгледот на  вечното почивалиште на македонската поп икона Тоше Проески. Станува збор за спомен обележје за чија изградба пред  една недела е распишан тендер. 

„Рацете при молитва се отсликуваат во архитектурата“, пишува  на една фотографија од Тоше поместена во видеото

Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.

„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани