Webp.net gifmaker

Да се повлечат од дневниот ред на 4-та седница на Советот на Општина Битола, точките за разрешување и именување на членови на Управните и  Надзорните одбори во јавните претпријатија, училиштата и градинките во Битола, побара советничката од иницијативата „Поинаку“, Габриела Илиевска. Ова барање, според неа е затоа што процесот не е транспарентен, a списокот со имиња на лицата кои треба да бидат именувани, до советниците стигнале непосредно пред почетокот на денешната седница. Претседателот на Советот, Валентин Груевски, рече дека постапката за разрешување и именување на члeнови на одборите  ќе се реализира на денешната седница, со цел да се спречат игрите на актуелните директори во училиштата.

-Сметаме дека е нарушена транспарентноста и начинот на работа на Советот на Општина Битола, затоа што според статут и деловник, материјалите што ги добиваме ние како советници, треба да ги имаме 7 дена пред седница. Ние ги добивме 5 минути пред започнување на седницата. Јас како советник и во претходниот состав на Советот, за оваа работа гласав против, токму затоа што сме немале доволно информации за да одлучам како ќе гласам. Станува збор за именување на 150 лица за кои немаме податоци. Добив образложение дека ќе добиме доволно време за да ги разгледаме точките, па потоа ќе преминеме на гласање “, рече Илиевска.

- Целта е да ги спречиме директорите во училиштата кои во текот на денешниот ден свикуваат седници на Училишните одбори, сметајќи дека со тоа ќе си ги заштитат своите директорски места, со тоа што ќе изберат подобни наставници, на кои наводно им биле истечени мандатите. Таквите игри како Совет  нема да ги дозволиме и затоа сметаме дека овие точки на денешната седница мора да ги донесеме и да го спречиме она што во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ, го направи во училиштата-огромни долгови кои достигнуваат до 1,5 милиони евра, изјави Груевски.

Тој понуди пауза во текот на денешниот ден пред расправата по овие точки, за да можат советниците да заземат став околу именувањето на новите членови на одборите. Но, Илиевска, го одби ваквиот предлог, со образложение дека не бара време, туку транспарентност и промена на начинот на кој што во изминатите години  функционирал Советот на Општина Битола.

Овој четврток на маратонска седница на Совет ќе бидат разрешени досегашните членови на  сите Управни и Надзорни одбори во јавните претпријатија, Управните одбори на градинките, на јавните установи, како и  Училишните одбори во централните и подрачните училишта во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани