Август 18, 2018

Долговите за струја на поголемиот дел битолски училишта кои деновиве беа исклучени од ЕВН се наталожени од март 2017 година. Состојбата не е нова, но е поразителна зашто неплатените сметки се провлекуваат од времето на претходната локална власт до денес. Нема точна информација колкав е вкупниот долг, но неофицијално дознаваме дека изнесува околу 100 000 евра. Меѓу уличиштата има и такви кои седум години не плаќале струја за време на претходните директори.

Струјата не е единствената давачка која школите не ја подмирувале редовно, а биле со години толерирани. Во некои од нив вода не е платена од 2008 година.

И покрај напорите на Општина Битола за надминување на проблемите, училиштата во општината се во незавидната финансиска состојба, се огласи денес преку писмено соопштение градоначалничката Наташа Петровска.

Таа соопшти дека во школите наследиле долг од 4,5 милиони евра, па најголемиот дел училиштата се со блокирани сметки, а ова може да донесе и дополнителни проблеми во нивното натамошно работење. Долговите во училиштата се провлекувале со години наназад.

Владата ќе се задолжи во име на општините со нов кредит од 120 милиони евра за враќање на старите долгови. Со тие пари ќе се исплаќаат обврските кон добавувачите, а општините ќе го враќаат кредитот на подолг рок од 15 до 20 години, со пониски каматни стапки.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет тврдеше дека Општина Битола има помалку долгови од јавно презентираните и дека ако се вкалкулираат и побарувањата, тогаш ќе испадне дека е во позитива. Од советничкото мнозинство предводено од СДСМ рекоа дека опозицијата си игра весела мактематика и дека дури и по пет месеци од заминувањето на Владимир Талески од петни жили го брани неговото работење.

Вртоглава сума од над 800 илјади евра ненаплатени побарувања од  граѓани и правни лица толерирало јавното претпријатие „Нискоградба“во Битола,  за време на бившиот директор Кире Крстевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.  

Наспроти ваквата практика во 2013 година претпријатието зеде рамковен кредит од 30 милиони денари, и ја покачи цената на услугите за канализација.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани