Во текот на изминатата вечер  (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во текот на изминатата вечер  (23/24.12.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 7 возачи, а откриени биле и 23 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република  Северна Македонија.  

Страница 1 од 14

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани