Webp.net gifmaker

Образовниот процес и можностите за  натамошна соработка на двете земји на ова поле, беше во фокусот на раговорите при денешната средба на министерот за образоавние на Бугарија, Красимир Влчев и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

При денешната работна посета на Битола, одговарајќи на новинарско прашање околу преговорите за името меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев, рече дека се надева на решение пред ЕУ самитот во јуни.

 

Враќање на маалските полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, каде се сретна  со градоначалничката Наташа Петровска. Истот така, министерот оствари средба и со началникот на СВР Битол и неговите соработници. 

Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин  напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот   истакна дека  со Петровска  раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.

Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани